| четврток, 6 декември 2018 |

Латвија од утре во еврозоната

latvia-superJumboЛатвија од 1 јануари станува 18-та земја членка на евро-зоната. Во ноќта помеѓу 31 декември и 1 јануари два милиони Латвијци ќе се збогуваат со нивната национална валута, латс, воведена во 1993 година како замена за дотогашната советска рубља. Веднаш по полноќ, латвискиот премиер Валдис Домборвски и неговиот естонски колега Андрус Ансип ќе учествуваат на церемонијата на националната банка во Рига и е предвидено тие да бидат првите кои од автомат ќе ги извлечат првите евра.

Латвија е втората земја од Балтикот и четврта екс-комунистичка земја која влегува во евро-зоната. Пред неа тоа беа Словенија во 2007 година, Словачка во 2009 година и Естонија во 2011 година. Во 2015 година се очекува влезот и на третата балтичка земја Литванија која во моментов е под финансиска асистенција.

latvia-euro-zone-9july2013Земјата се надеваше на влез во 2008 година но кризата ја спречи во таа намера бидејќи бруто приходот на земјата падна за 25 отсто. Но по овој пад Латвија успеа да се крене економски на спектакуларен начин.

-Благодарение на своите напори Латвија ќе влезе во евро-зоната посилна од кога и да е и со тоа ќе испрати порака на охрабрување до другите земји кои се влезени во процес на економско подобрување- рече денес претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо.

Сепак, Латвијците имаат поделени мислења околу влезот на земјата во евро-зоната и стравуваат дека тоа ќе донесе поскап живот. Според една анкета, 50 отсто од Латвијците се против еврото додека 25 отсто го одобруваат. Останатите се неодлучни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top