Македонија има долгогодишна традиција за прославување на Новата година која воедно е споена и со големиот христијански празник Божик. При тоа традиционално за време на празниците прославувањето е комбинирано со многу традиционална македонска храна и алкохолни пијалоци.
За празниците да бидат весели и проследени со многу забава, радосни моменти и добро расположение до граѓаните, директорот на Клиниката за токсикологија ги упатува следните препораки и совети:
- Ако за празниците решат да консумираат алкохолни пијалоци, мнoгу да внимаваат на внесената количина, тоа да не биде повеќе од една чашка (30 мл) аперитив (жесток алкохол) и една чаша вино или пиво.
- При тоа задолжително внесувањето да го прилагодат со истовремено внесување храна, односно алкохол да не консумираат на празен желудник.
- При внесувањето на алкохолот да не форсираат, туку внесувањето да го прилагодат на времето во кое ќе слават односно тоа да трае за цело време на прославата.
- Со алкохолот да не се земаат никакви лекови заради опасноста од интеракција која може да биде непријатна
- Строго се забранува алкохол да консумираат лица помлади од 18 години, притоа посебно се обрнува внимание на истовремено внесување на алкохол и седативи кое може да биде многу опасна дури и смртоносна комбинација.
- Ако во Вашата околина или друштво се случи некој да претера со алкохол и притоа да се појави силно повраќање или пореметување на свеста не се обидувајте да го трезните затруениот со алкохол, ВЕДНАШ СО СООДВЕТЕН ПРЕВОЗ ТРАНСПОРТИРАЈТЕ ГО ДО НАЈБЛИСКАТА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА ИЛИ НА УНИВЕРЗИТЕТСКАТА КЛИНИКА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА КАДЕ ЌЕ ДОБИЕ СТРУЧНА ПОМОШ.
- Не претерувајте со премногу храна особено за краток временски период
- Внимавајте на храната која содржи животински маснотии и солената храна.
- Ако почувствувате стомачни потешкотии немојте да се самолекувате , туку побарајте стручна лекарска помош во најблиската здравствена установа.
- Ги замолуваме граѓаните да се придржуваат на нашите совети и препораки за новогодишните и божиќните птазници да не ги дочекаат наместо во домашна во болничка атмосфера.
- За време на новогодишните и божиќните празници Универзитетската клиника за токсикологија ќе работи со засилени екипи и екипи на повик во случај на зголемен обем на работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од денеска може да купува пиво во кое било време од денот
-
Владата предлага укинување на временското ограничување за продажба на алкохол
-
Павлина Васкова, невропсихијатар: Зависнички од алкохол се најчесто жените интелектуалки, на високи позиции во претпријатијата
-
Откриен нелегален алкохол во фирма во Кавадарци, приведен управителот