Трајко Кузмановски седумдесетгодишниот кумановец го доби стан во првото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“. Кузмановски веќе неколку години е пензионер.Тој имал сопствена берберница во кумановската населба „Средорек“ во која работел 40 години.
Денеска е радосен ден за него и неговата 66 – годишна сопруга Дејка, како и за неговите два сина и снаи и четирите внуци.
– Не очекувавме дека ќе добиеме награда. Пративме два коверти со фискални сметки. Едното на мое име, а второто на име на сопругата. Им порачувам на граѓаните да учествуваат во оваа наградна игра- вели Кузмановски.
Неговата сопруга Дејка е пресреќна, станот вели ќе биде за внуците кои ќе студираат во Скопје.
Семејниот дом на семејството Кузмановски денеска беше претесен да ги прими роднините и пријателите кои им честитаа за добиениот стан во наградната игра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст