Македонската Влада и во 2014-та година со силна поддршка во земјоделието.Годинава која изминува се распределија 135 милиони евра, а премиерот во новогодишното обраќање најави уште поголема сума за наредната година.
-Ако во 2013-та се распределија 135 милиони евра, веќе во 2014-та планирани се нови 140 милиони евра за натамошен напредок на македонското земјоделие. Легализацијата на објектите за земјоделска намена и подршката за креирање земјоделски задруги како и подобрувањето на квалитетот на семениот матерјал и вештачките ѓубрива се наш фокус на внимание со кој очекуваме уште повеќе приноси. Се донесе и закон со кој земјоделците можат да си го купат земјиштето кое го имаат под концесија, истакна премиерот Груевски.
Наводнувањето е огромен предизвик на кој најави дека посветено ќе работи во 2014-та, но и во годините по неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии