Полуфиналистите на големо вежбаат со своите ментори за настапите во живо.
Но, Кики, Жељко, Емина и Кристина, покрај пеењето, ќе ги подготват своите кандидати во секој поглед.
Кристина како ментор на групите, реши прво на своите момчиња, поточно на петте членови на новооформениот бенд „Доктори“, комплетно да им го промени изгледот. На нејзината официјална страница на „Фејсбук“ таа напиша дека момчињата биле многу нервозни.
Како ќе изгледаат полуфиналистите ќе видиме во првата емисија во живо, која е закажана за 7-ми јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.