| четврток, 6 декември 2018 |

Ви­ктор Ми­зо: 2.500 вра­бо­ту­ва­ња во сло­бод­ни­те еко­ном­ски зо­ни

Со отво­ра­ње­то на вто­ри­от про­из­водс­твен по­гон и со но­ва­та ин­ве­сти­ци­ја од 65 ми­ли­о­ни евра, бри­тан­ска­та ком­па­ни­ја „Џон­сон Ме­ти“ во ТИРЗ „Скоп­је“ убедливо ста­на нај­го­ле­мата грин­филд ин­ве­сти­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја, со вкуп­на ин­ве­сти­ци­ја од пре­ку 140 ми­ли­о­ни евра

Viktor-Mizo-1

Не­кол­ку­го­диш­но­то жи­ве­е­ње и ра­бо­те­ње во САД му по­ма­га­ат на се­гаш­ни­от ди­ре­ктор на Ди­рек­ци­ја­та за тех­но­ло­шко-ин­ду­стри­ски раз­вој­ни зо­ни, Ви­ктор Ми­зо, да уви­ди ка­ко функ­ци­о­ни­ра свет­ска­та еко­но­ми­ја. Се вра­ти во Ма­ке­до­ни­ја за со сво­е­то зна­е­ње и искус­тво да при­до­не­се и за сво­ја­та зем­ја. Ка­ко прв чо­век на Ди­рек­ци­ја­та ве­ли де­ка вле­зот на стран­ски ка­пи­тал, без ог­лед на ре­ги­о­нал­на­та по­ста­ве­ност, ди­рект­но вли­јае врз по­до­бру­ва­њето на еко­ном­ска­та со­стој­ба во це­ла­та зем­ја. Ста­ти­сти­ка­та ве­ли де­ка во ин­ду­стри­ска­та зо­на „Скоп­је“ се вра­бо­те­ни 1.500 лу­ѓе, а во ТИРЗ „Штип“ таа број­ка из­не­су­ва 1.000. На ма­ке­дон­ски­те фир­ми што ра­бо­те­ле на овие стран­ски об­је­кти и што вр­ше­ле ус­лу­ги на нив им би­ле исп­ла­те­ни око­лу 50 ми­ли­о­ни евра. Ви­ктор Ми­зо наг­ла­су­ва де­ка во ТИРЗ „Скоп­је“ и во ТИРЗ „Штип“ се сме­сте­ни пре­ра­бо­ту­вач­ки ка­па­ци­те­ти на Џон­сон Ме­ти, Џон­сон кон­тролс, Ван Хол, Ке­мет, Про­дис, Тек­но­хо­зе (Ви­тек). Тој оче­ку­ва во те­кот на 2014 го­ди­на кон­крет­ни ин­ве­сти­ции од зем­ји ка­ко што се Аме­ри­ка, Гер­ма­ни­ја, Тур­ци­ја и Ита­ли­ја.

Кол­ку стран­ски ин­ве­сти­ции има­ше во Ма­ке­до­ни­ја во 2013 го­ди­на?
МИЗО: Спо­ред пре­ли­ми­нар­ни­те ста­ти­стич­ки по­да­то­ци на На­род­на бан­ка, во пр­ви­от, вто­ри­от и во тре­ти­от квар­тал од 2013 го­ди­на ви­си­на­та на стран­ски­те ди­рект­ни ин­ве­сти­ции е 144,44 милиони евра и е по­ве­ќе од вкуп­на­та су­ма во ми­на­та­та го­ди­на, што зна­чи де­ка бе­ле­жи­ме раст. 
Во те­кот на 2013 го­ди­на во по­стој­ни­те пре­ра­бо­ту­вач­ки ка­па­ци­те­ти ло­ци­ра­ни во зо­ни­те се ин­ве­сти­ра­ни пре­ку 70 ми­ли­о­ни евра, а из­во­зот на ком­па­ни­и­те од зо­ни­те во 2013 го­ди­на ќе до­стиг­не око­лу 25 про­цен­ти од вкуп­ни­от из­воз на зем­ја­та. Во ТИРЗ „Скоп­је“ и во ТИРЗ „Штип“ се сме­сте­ни пре­ра­бо­ту­вач­ки ка­па­ци­те­ти на Џон­сон Ме­ти, Џон­сон кон­тролс, Ван Хол, Ке­мет, Про­дис, Тек­но­хо­зе (Ви­тек). Ком­па­ни­ја­та „Ван Хол“ го­ди­на­ва за­вр­ши со ­градење на про­из­водс­тве­ни­от по­гон ло­ци­ран во ТИРЗ „Скоп­је“ и поч­на со про­из­водс­тво.  „Џон­сон кон­тролс“ го из­гра­ди сво­јот втор про­из­водс­твен ка­па­ци­тет во ТИРЗ „Штип“, во кој од сеп­тем­ври поч­на со про­из­водс­тво. Во те­кот на 2013 го­ди­на дел од ком­па­ни­и­те ло­ци­ра­ни во зо­ни­те до­не­соа од­лу­ка за ре­ин­ве­сти­ра­ње. Ита­ли­јан­ска­та ком­па­ни­ја „Ви­тек“ во октом­ври по­ста­ви ка­мен-те­мел­ник на вто­ри­от про­из­водс­твен по­гон во чии рам­ки ќе се из­гра­ди и ма­га­цин­ски про­стор. Ви­си­на­та на но­ва­та ин­ве­сти­ци­ја из­не­су­ва 11 ми­ли­о­ни евра, кои ќе се вло­жат во из­град­ба на об­је­кти и на опре­му­ва­ње. Со отво­ра­ње­то на вто­ри­от про­из­водс­твен по­гон и со но­ва­та ин­ве­сти­ци­ја од 65 ми­ли­о­ни евра, бри­тан­ска­та ком­па­ни­ја „Џон­сон Ме­ти“ во ТИРЗ „Скоп­је“ убедливо ста­на нај­го­ле­мата грин­филд странска ин­ве­сти­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја, со вкуп­на ин­ве­сти­ци­ја од пре­ку 140 ми­ли­о­ни евра. 

Кои ре­ги­о­ни во зем­ја­ва до­се­га има­ат нај­го­лем бе­не­фит од нив, од­нос­но ка­де најм­но­гу се чув­ству­ва вле­зот на стран­ски ка­пи­тал во од­нос на за­жи­ву­ва­ње на еко­но­ми­ја­та и жи­вот­ни­от стан­дард на гра­ѓа­ни­те?

МИЗО: Вле­зот на стран­ски ка­пи­тал, без ог­лед на ре­ги­о­нал­на­та по­ста­ве­ност, ди­рект­но вли­јае врз по­до­бру­ва­ње­то на еко­ном­ска­та со­стој­ба во це­ла­та зем­ја. Се­ка­ко, ло­ци­ра­ње­то на ком­па­ни­и­те во одре­де­ни ре­ги­о­ни овоз­мо­жу­ва со отво­ра­ње­то на ра­бот­ни­те ме­ста да се по­до­бри жи­вот­ни­от стан­дард на ло­кал­но­то на­се­ле­ние. Но, ком­па­ни­и­те, освен отво­ра­ње­то на ра­бот­ни­те ме­ста, овоз­мо­жу­ва­ат да за­жи­вее еко­но­ми­ја­та во це­ла­та зем­ја. Со вос­по­ста­ву­ва­ње со­ра­бо­тка ме­ѓу ло­кал­ни­те ком­па­нии и ком­па­ни­и­те ло­ци­ра­ни во зо­ни­те во те­кот на оваа го­ди­на е ре­а­ли­зи­ра­на раз­ме­на во ви­си­на од 50 ми­ли­о­ни евра. Број­ки­те ги оп­фа­ќа­ат си­те актив­но­сти ме­ѓу ком­па­ни­и­те во зо­ни­те и ло­кал­ни­те на­ба­ву­ва­чи – од из­град­ба на об­је­кти­те до си­те ус­луж­ни деј­но­сти, ка­ко ло­ги­сти­ка, транс­порт, кон­сул­тант­ски ус­лу­ги и дру­го. Ов­де би ја спо­ме­нал со­ра­бо­тка­та ме­ѓу бел­ги­ска­та ком­па­ни­ја  „Ван Хол“, ко­ја е ло­ци­ра­на во ТИРЗ „Скоп­је 1“ и ком­па­ни­ја­та „Унип­ласт“ од Стру­га за изра­бо­тка на пла­стич­ни ком­по­нен­ти, ка­ко и „Акти­ва“, ко­ја про­из­ве­ду­ва де­ло­ви за авто­бу­си­те на „Ван Хол“. Ком­па­ни­ја­та „Џон­сон Ме­ти“ со­ра­бо­ту­ва со скоп­ски­те ком­па­нии „За­вар“, чии про­из­во­ди се ко­ри­стат во про­из­водс­тво­то на „Џон­сон Ме­ти“, „Те­те пласт“, ко­ја про­из­ве­ду­ва де­ло­ви од пла­сти­ка, и со ко­чан­ска­та ком­па­ни­ја „Тинг“, чи­ја про­из­вод­на па­ле­та е ба­зи­ра­на на ма­те­ри­ја­ли од инокс.

Во од­нос на ре­ги­о­нал­ни­от ин­те­рес на стран­ски­те ком­па­нии што ин­ве­сти­ра­ле во Ма­ке­до­ни­ја до­се­га нај­го­лем ин­те­рес за ин­ве­сти­ра­ње се по­ка­жу­ва­ше за зо­ни­те во Скоп­је.  Ин­те­ре­сот за ин­ве­сти­ра­ње во зо­ни­те кај Скоп­је е нај­го­лем по­ра­ди тоа што на ком­па­ни­и­те што опе­ри­ра­ат во зо­ни­те им е по­важ­но да се бли­зу до ае­ро­дро­мот и до глав­ни­от град, има­ат по­со­фи­сти­ци­ра­ни тех­но­ло­гии за кои е по­тре­бен по­го­лем ин­же­нер­ски ка­дар и кај нив це­на­та на ра­бот­на­та си­ла не е од­лу­чу­вач­ки фа­ктор. Си­ту­а­ци­ја­та зна­чи­тел­но се ме­ну­ва ко­га се пре­го­ва­ра со ком­па­нии кај кои во тех­но­ло­шки­от про­цес ре­ла­тив­но по­ве­ќе се ко­ри­сти ра­бот­на си­ла и за кои е по­кон­ку­рент­но да не се во бли­зи­на на Скоп­је, ка­де што тро­шо­ци­те се по­ви­со­ки.

Ди­рек­ци­ја­та за тех­но­ло­шко-ин­ду­стри­ски раз­вој­ни зо­ни не мо­же да вли­јае врз од­лу­ки­те на ком­па­ни­и­те ка­де ќе се ло­ци­ра­ат би­деј­ќи нив­ни­от из­бор за­ви­си од мно­гу фа­кто­ри. По­треб­но е ком­па­ни­ја­та да има из­бор за со­од­вет­на ло­ка­ци­ја ко­ја ќе ги за­до­во­ли си­те неј­зи­ни ба­ра­ња од ас­пект на ин­фра­стру­кту­ра, рас­по­лож­ли­вост на ква­ли­фи­ку­ва­на ра­бот­на си­ла со прет­ход­но искус­тво во деј­но­ста, струч­но обра­зо­ва­ние и до­вол­на број­ка на ли­ца со со­од­вет­но обра­зо­ва­ние. Исто та­ка, од важ­ност за из­бор на ло­ка­ци­ја­та е мож­но­ста за со­ра­бо­тка со обра­зов­ни ин­сти­ту­ции во ре­ги­о­нот, ка­ко што е, на при­мер, со­ра­бо­тка­та на „Џон­сон кон­тролс“ со Ма­шин­ски фа­кул­тет – Скоп­је во прис­по­со­бу­ва­ње на на­став­на­та про­гра­ма за еду­ци­ра­ње ка­дар спо­ред по­тре­би­те на ин­ве­сти­то­рот, и дру­ги.

На­ше е да овоз­мо­жи­ме тие да има­ат ед­на­кво до­бри ин­фра­стру­ктур­ни ус­ло­ви во се­ко­ја зо­на. Зо­ни­те се­ко­гаш се пла­ни­ра­ат и раз­ви­ва­ат во со­ра­бо­тка со еди­ни­ци­те на ло­кал­на­та са­мо­у­пра­ва, ме­ѓу дру­го­то и за­ра­ди из­град­ба­та и раз­во­јот на ква­ли­тет­на ин­фра­стру­кту­ра. Раз­во­јот на та­ква ин­фра­стру­кту­ра не­ма да е са­мо за стран­ски­те ин­ве­сти­то­ри, ту­ку ќе има вли­ја­ние врз це­ли­от ре­ги­он.

Ка­ко стран­ски­те ин­ве­сти­ции вли­ја­ат врз ло­кал­на­та еко­но­ми­ја и врз ма­ли­те биз­ни­си?

МИЗО: Вле­зот на стран­ски ин­ве­сти­ции е под­ло­жен на ни­за ана­ли­зи и врз не­го вли­ја­ат ни­за фа­кто­ри. Ло­ци­ра­ње­то на ком­па­ни­и­те во одре­де­ни ре­ги­о­ни во Ма­ке­до­ни­ја не зна­чи за­гро­зу­ва­ње на ло­кал­на­та еко­но­ми­ја и на ма­ли­те биз­ни­си, ту­ку прет­ста­ву­ва мож­ност за раз­вој на со­ра­бо­тка, по­до­бру­ва­ње на биз­нис-кли­ма­та и на жи­вот­ни­от стан­дард.  За две­те стра­ни е од го­ле­ма важ­ност мож­но­ста за со­ра­бо­тка со ло­кал­ни­те ком­па­нии.

Ло­ци­ра­ње­то на стран­ски­те ком­па­нии во ин­ду­стри­ски­те зо­ни на ло­кал­но ни­во овоз­мо­жу­ва по­до­бру­ва­ње на еко­ном­ска­та со­стој­ба во зем­ја­ва. Со из­град­ба­та на сто­пан­ски комп­лекс за откуп, скла­ди­ра­ње, пре­ра­бо­тка и ди­стри­бу­ци­ја на зем­јо­дел­ски про­из­во­ди во ин­ду­стри­ска­та зо­на „Ма­ка­зи“ во Ре­сен, кој ќе го гра­ди ком­па­ни­ја­та „Епл ленд“ од Ду­баи, ќе се овоз­мо­жи за­шти­та на про­из­во­ди­те­ли­те. Од­нос­но, про­из­во­ди­те­ли­те на ја­бол­ко ќе мо­жат да ги скла­ди­ра­ат ја­бол­ка­та и да че­ка­ат по­вол­но вре­ме за да по­стиг­нат по­ви­со­ка це­на.

Ге­не­рал­но, вле­зот на стран­ски ин­ве­сти­ции во Ма­ке­до­ни­ја има по­зи­тив­но вли­ја­ние врз еко­но­ми­ја­та, ка­ко на ло­кал­но та­ка и на цен­трал­но ни­во, овоз­мо­жу­ва раз­вој и оп­сто­ју­ва­ње на ма­ли­те биз­ни­си.

Кол­ку лу­ѓе до­се­га се вра­бо­те­ни во овие стран­ски ком­па­нии и да­ли Ма­ке­до­ни­ја има до­вол­но стру­чен ка­дар за да од­го­во­ри на по­тре­би­те на ин­ве­сти­то­ри­те?

МИЗО: При до­не­су­ва­ње­то од­лу­ка за ин­ве­сти­ра­ње  еден од клуч­ни­те фа­кто­ри за опре­де­лу­ва­ње на ло­ка­ци­ја­та од стра­на на стран­ски­те ин­ве­сти­то­ри е и со­од­ве­тен про­фил на ква­ли­фи­ку­ва­на ра­бот­на си­ла.  Влез на стран­ски ин­ве­сти­ции, ме­ѓу оста­на­то­то, зна­чи транс­фер на зна­е­ња, раз­вој на но­ви тех­но­ло­гии.  Од­нос­но, се­ко­ја ком­па­ни­ја, во за­вис­ност од неј­зи­на­та деј­ност, има по­тре­ба од опре­де­лен обра­зо­вен про­фил. До­се­га ком­па­ни­и­те ло­ци­ра­ни во зо­ни­те ин­ве­сти­раа во обу­ка и во до­ква­ли­фи­ка­ци­ја на вра­бо­те­ни­те. Зна­чи, ком­па­ни­ја­та во сог­лас­ност со неј­зи­ни­те по­тре­би про­наш­ла и вра­бо­ти­ла ли­ца со со­од­ве­тен обра­зо­вен про­фил, но исто­вре­ме­но на сво­и­те вра­бо­те­ни им овоз­мо­жу­ва да ги над­гра­дат сво­и­те зна­е­ња.

Ком­па­ни­и­те има­ат по­тре­ба од ли­ца со тех­нич­ко-тех­но­ло­шки, ма­шин­ски, еле­ктро­тех­нич­ки и слич­ни обра­зо­ва­ни про­фи­ли. Ток­му за­тоа „Џон­сон кон­тролс“ вос­по­ста­ви со­ра­бо­тка со Ма­шин­ски фа­кул­тет – Скоп­је, Вла­да­та по пат на ме­ди­ум­ски кам­па­ња ја мо­ти­ви­ра мла­да­та по­пу­ла­ци­ја да се опре­де­ли за не­ко­ја об­ласт од при­род­ни­те на­у­ки, Ми­ни­стерс­тво­то за обра­зо­ва­ние ин­ве­сти­ра во по­со­вре­ме­ни ла­бо­ра­то­рии. Сле­деј­ќи го еко­ном­ски­от раз­вој, ние го на­со­чу­ва­ме обра­зо­ва­ни­е­то за да има­ме по­со­од­ве­тен ка­дар кој ќе им го ну­ди­ме на по­тен­ци­јал­ни­те ин­ве­сти­то­ри.

Во од­нос на бро­јот на вра­бо­те­ни во зо­ни­те, мо­же­ме да ка­же­ме де­ка бе­ле­жи­ме раст. 2012 го­ди­на  ја за­о­кру­жив­ме со 1.270 вра­бо­те­ни. Во  ТИРЗ „Скоп­је“ и во ТИРЗ „Штип“ во 2013 го­ди­на има­ме 2.500 вра­бо­те­ни. За ид­на­та го­ди­на са­мо од по­стој­ни­те ком­па­ни во зо­ни­те бро­јот на вра­бо­те­ни ќе би­де око­лу 3.500.

Што мо­же­ме да оче­ку­ва­ме во 2014 го­ди­на? Оче­ку­ва­те ли по­до­бра го­ди­на на ин­ве­сти­ци­ски план?

МИЗО: Ди­рек­ци­ја­та за тех­но­ло­шко-ин­ду­стри­ски раз­вој­ни зо­ни ос­тва­ру­ва по­сто­ја­ни кон­та­кти со стран­ски ком­па­нии, со кои сме во раз­лич­на фа­за на пре­го­во­ри. Оче­ку­вам во те­кот на 2014 го­ди­на кон­крет­ни ин­ве­сти­ции од зем­ји ка­ко што се Аме­ри­ка, Гер­ма­ни­ја, Тур­ци­ја и Ита­ли­ја. Во пр­ви­от квар­тал од 2014 го­ди­на оче­ку­ва­ме да се фи­на­ли­зи­ра­ат од­лу­ки­те на не­кои од ком­па­ни­и­те со кои сме во фа­за на пре­го­во­ри. Во од­нос на обе­мот на стран­ски­те ин­ве­сти­ции за след­на­та го­ди­на се оче­ку­ва по­раст на про­из­водс­тво­то на ком­па­ни­и­те во сог­лас­ност со про­е­кти­ра­ни­от по­раст на нив­ни­от из­воз. Во те­кот на 2013 го­ди­на из­во­зот на ком­па­ни­и­те од зо­ни­те ка­ко про­цент од вкуп­ни­от из­воз на зем­ја­та ќе до­стиг­не ре­чи­си 25 про­цен­ти, за 2014 го­ди­на се оче­ку­ва из­во­зот на ком­па­ни­и­те од зо­ни­те да до­стиг­не ре­чи­си ед­на тре­ти­на од вкуп­ни­от из­воз на Ма­ке­до­ни­ја.

Кои се­кто­ри се нај­ин­те­рес­ни кај стран­ци­те за ин­ве­сти­ра­ње и кои про­фи­ли мо­же да оче­ку­ва­ат вра­бо­ту­ва­ње?

МИЗО: Од ре­а­ли­зи­ра­ни­те кон­та­кти, осо­бен ин­те­рес за ин­ве­сти­ра­ње во Ма­ке­до­ни­ја изра­зу­ва­ат стран­ски­те ком­па­нии од об­ла­ста на авто­мо­бил­ска­та ин­ду­стри­ја, еле­ктро­ни­ка­та, ИТ-се­кто­рот, зем­јо­делс­тво­то, тек­стил­на­та ин­ду­стри­ја  и ту­риз­мот. Во сог­лас­ност со на­ве­де­ни­те об­ла­сти,  мо­жат да се оче­ку­ва­ат вра­бо­ту­ва­ња кои ќе оп­фа­тат еден по­ши­рок про­фил на стру­чен ка­дар.

(Интервјуто со ди­ре­кторот на Ди­рек­ци­ја­та за тех­но­ло­шко-ин­ду­стри­ски раз­вој­ни зо­ни, Виктор Мизо беше објавено во 69.број на неделникот Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top