| четврток, 6 декември 2018 |

Бијонсе ја налути НАСА

Американската вселенска агенција (НАСА) ја нарече пејачката Бијонсе бесчуствителна бидејќи во една од песните на новиот албум употребила звуци од трагедијата на спејс-шатлот „Челинџер“.

„Челинџер“ експлодирал само 73 секунди од лансирањето во вселенскиот центар „Кенеди“ на 28 јануари 1986 година, а звуците од несреќата се нашле на новиот албум на пејачката.

Управата на НАСА и семејствата на седумте члена на екипажот кои настрадаа во мисијата ја нарекоа Бијонсе бесчуствителна.

Во нејзиниот видеоспот за песната „ХО“, која се работи за проблематичните врски, се слуша гласот на сега пензионираниот портпарол на НАСА, Стив Незбит, кој морал трагичната вест да ја објави во јавноста.

Откако доби премногу лоши критики, Бијонсе прати официјално соопштение во кое се извинува на семејствата на настраданите.

– Моето срце е со фамилиите на настраданите. Песната настана со искрени намери да им помогнеме на сите кои ги загубиле саканите и дека треба да ја цениме секоја минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top