Аргентина
Слично на нашиот веќе споменат обичај да се носи црвена долна облека, Аргентинците во новата година влегуваат со нова розова долна облека и веруваат дека со тоа ќе ја привлечат љубовта. Покрај тоа, точно на полноќ прават чекор напред со десната нога.
Бразил
Бразилците во новогодишната ноќ носат бела облека со која ги растеруваат злите духови, а за среќна година прескокнуваат седум бранови (по еден за секој ден од неделата) и ја даруваат божицата на морето. Наводно божицата многу сака подароци, особено цвеќиња. Ако ги фрлите во морето, и тие се вратат, тоа значи дека не ги прифатила.
Чиле
Чилеанците точно на полноќ јадат една лажица леќа за цела година да имаат работа и пари.
Колумбија
Ако се најдете во Колумбија во ова време, можете да видите луѓе кои шетаат со празен куфер, за следната година многу да патуваат.
Шкотска
Шкотите внимаваат на тоа кој прв ќе влезе во куќата по полноќ. Оваа личност обично носи подароци како монети, леб, сол, јаглен или виски, за финансиски просперитет, храна, вкус, топлина и добро расположение.
Шпанија
За просперитет во наредната година Шпанците јадат грозје на полноќ и тоа по едно зрно на секои 12 отчукувања на камбаната.
Нов Зеланд
Нов Зеланд е меѓу првите што влегуваат во новата година и на полноќ тие удираат по тенџериња и капаци што е можно погласно.
Русија
Во Русија традиционално се пишуваат желби на хартија, потоа листот се гори, а пепелта се става во чашата со шампањ која морате да ја испиете пред 12:01.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа Огнена Марија: Ова никако не смеете да правите !
-
Ако сте љубител на јаболка, на Петровден никако не сечете ги со нож, а во зорите треба…
-
Иванден е ден за лекување болести и за добивање потомство: Денеска Сонцето застанува три пати


