Лажни „Анонимуси“ застанаа во одбрана на грчките позиции за името. Неколку дена откако светската хакерска организација излезе со видео во кое ги брани ставовите на Македонија, Грците го возвратија ударот со лажно претставување. Новото видео, Грците пред светот ги претставува како жртви, јави вчера Сител телевизија.
Дека станува збор за лажни „Анонимуси“ говори и фактот што корисникот на „Јутјуб“ под псеводимот „Anonimus power“ има поставено само едно видео. Спротивно на тоа „Анонимуси“, кои застанаа во одбрана на македонските позиции, имаат поставено повеќе од 30 видеа на својот канал. Да се потсетиме како тие застанаа во одбрана на македонскиот идентитет.
Во видеото се користат цитати од познатиот американски историчар и филозоф Јуџин Борза за кого не е воопшто спорно македонското потекло на Александар Македонски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.