| четврток, 6 декември 2018 |

АРМ прими нови 170 војници

vojska arm

Денеска, конечно, заврши процесот на избор на професионални војници за служба во АРМ. Се работи за сто и седумдесет лица кои на 27 декември потпишаа договори за прием во служба на Армијата, во согласност со неодамна објавениот јавен оглас за прием на професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија.

Лицата се избрани во транспарентна, строго професионална постапка, која предвид ги зема квалитетите на пријавените кандидати.

Како што стои во соопштението на Министерството за одбрана, во изборот на кандидатите е земена и програмата за соодветната и правична застапеност на етничките заедници во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија 2012 – 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top