Шеесет и двегодишниот Н.Т. од Македонски Брод вчера се здобил со тешки повреди додека бил на лов, информираат од МВР.
Според податоците на полицијата, Н.Т. додека бил на лов на местото познато како Борче при истрел со пушка се повредил и си нанел тешки телесни повреди во пределот на десната рака.
Повредениот истиот ден е пренесен во Медицински центар – Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


