| четврток, 6 декември 2018 |

Катерина и Младен уживаат во љубовта (ФОТО)

Младен Лукиќ од групата на Жељко Јоксимовиќ вели дека кога на аудициите ја запознал убавата белграѓанка Катарина Манојловиќ веќе ништо не му било важно.

Покрај можноста да почнат успешна музичка кариера и да се прослават низ целиот Балкан, Младен и Катарина од „Икс-фактор“ добија многу повеќе.

katerina mladen 2

Тие се првата двојка во музичкото шоу. Иако Катарина во втората фаза отпадна од шоуто, жирито реши да ја врати, но како дел од новосоздадена женска група. Таа сега пее заедно со уште три кандидатки во групата „Фор ју“ под менторство на Кристина Ковач.

katarina i mladen

– Во регрутниот камп се плашев како ќе го поднесе негативниот одговор од жирито, а кога излезе плачејќи, бев очаен. Не знаев како да ѝ помогнам, заедно плачевме… Сепак, на крај сѐ излезе добро и еве сега заедно подготвуваме песни – расположен раскажува Младен.

И Младен и Катарина се полуфиналисти. Тие постојано се заедно и со нетрпение ги очекуваат првите настапи во живо на 7 јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top