Српската пејачка Вики Миљковиќ едвај извлече жива глава, откако во Сараево се најде среде престрелка, пишува денешен „Блиц“.
– Тргнав во фризерски салон пред концертот. Кога влегував почнаа да одекнуваат истрели. Звучеше престрашно, ходниците одѕвонуваа. Стоев на точно два метри од казиното каде што се случуваше престреслаката – вели пејачката.
Како што раскажува Вики, сѐ било како на филм, куршуми летале насекаде, а луѓето панично се фрлале на подот или избезумено бегале.
– Престрелката траеше една минута, носе чинеше како цела вечност. Газдарицата на салонот нѐ пикна во бањата, а младиот фризер ја заклучи вратата. Сите бевме во невидена паника, а јас цело време мислев на тоа дали мојот сопруг успеа да остане жив – вели Вики.
Десет минути по инцидентот пристигнала полицијата. Застрелан бил само сопственикот на казино, а испукани биле 21 куршум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.