| четврток, 6 декември 2018 |

Бившата учесничка во „Фарма“, Сара Трајановиќ му фрли око на Даниел Кајмакоски

Српската манекенка Сара Трајановиќ, која пред само неколку дена го напушти реалното шоу „Фарма“, минатата недела се нашла во иста кафана како и кандидатите на „Икс фактор“.

Според „Светплус“, во кафаната „Сипај, не питај“ главни ѕвезди на вечерта биле натпреварувачите на музичкото шоу. Кога Сара влегла во кафаната, се сместила токму на масата каде што седел нашиот претставник Даниел Кајмакоски, заедно со Фифи и Харис.

43684_sara-trajanovic_af

Сара Трајановиќ

Според коментарите на присутните, таа не тргнала очи од него и било очигледно дека Даниел навистина ѝ се допаднал.

Инаку, Сара Трајановиќ неколку пати учествувала на разни избори за убавина во Србија, но никогаш нема победено. Во реалното шоу „Фарма“ беше една од финалистките. Нејзиниот престој во куќата беше бурен, таа неколку пати направи големи сцени и се сплетка со неколку различни момци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top