Во Хрватскиот град Осијек, приведени се 20 вработени од градската погребална служба поради сомневања дека краделе злато и накит од починатите лица, пишува “Јутарњи лист”
Полицијата синоќа привела седуммина гробари, како и управникот на информативен разговор, а денес беа изведени пред истражен судија. Се испитува и работата на останатите вработени во погребалната служба. Според весникот, мнозинството од осомничените се гробари и носачи кои работеле работи директно поврзани со погребалните услуги.
Полицијата била изненадена од размерот на кражбите во кои биле вклучени вработени во сите гробишта, кои “оперирале” со години.
Поради големиот број на приведени, директорот на погребалната служба се соочил со проблеми во врска со организацијата на погребите, па вработените во другите служби сега се директно ангажирани во работата.
Според весникот, гробарите краделе накит и злато од починатите, или непосредно пред почетокот на погребот, кога семејството и ожалостените ќе ја напуштеле капелата, или за време на отворање на старите гробници кои се припремаат за нов покојник.
На осомничените им прети кривична пријава за кражба, како и повреда на мирот на покојните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст