Србија и Русија ги подржуваат и ги прифаќаат плановите за изградба на јужен крак на Јужниот тек на гасоводот кон Македонија- изјави за МРТ министерот Милан Бачевиќ, еден од надлежните во српската Влада за реализација на овој проект.
Во разговорите на нашето министерство со руски Газпром, тие ја прифатија идејата и во потполност ја подржуваат. Неа во потполност ја подржи и Руската Влада. Ние сме пред потпишување на договор со „Србијагас“ за изработка на просторен план со посебна намена за изградба на јужен крак на Јужниот тек – изјави Милан Бачевиќ-министер за природни ресурси, рударство и просторно планирање на Србија.
Просторниот план, вели министерот Бачевиќ, ќе биде готов до втората половина на 2014 година.
„Ние во просторниот план за овој проект, како и за проектот Дунав- Морава-Вардар предвидовме иста траса. Ова е најефтина опција… со идејата ќе дојдеме до македонската граница, што Македонија не ја обрврзува, но логички е заеднички да го изработиме граничниот допирен план за влез и за реализација на проектите“ – изјави министерот Бачевиќ
Во врска со изградбата на каналот Морава-Вардар-Солун, министерот Бачевиќ вели дека студијата на кинеските институции потврди дека идејата е изводлива и економски исплатлива. Тие веќе писмено ни се обратија за разговори за добивање концесија за проектот.
– Дали Вие мислите дека кинезите покажуваат интерес за Пирејското и за Солунското пристаниште, доколку сметаат дека проектот нема да се реализира?-Јас сум сигурен дека тие се подготвени и на Македонија да и понудат разговори за концесија, вели српскиот министер.
Кина има предвидено големи финансиски средства за инвестирање во регионот, а за тоа се потребни добри проекти-заклучува Бачевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.