| четврток, 6 декември 2018 |

Повреден полицаец во инцидент на Бит-пазар

Полициска акција за заплена на нелегален пиротехнички материјал што се продавал на Бит-пазар за малку ќе ескалираше во посериозен судир меѓу полицајците и група граѓани кои не дозволувале да се изврши рацијата. Во инцидентот е повреден еден полицаец.

bit pazar incident

фото: Алсат М

Според првичните полициски информации, акцијата почнала во 14.10 часот, а полицајците веднаш наишле на силен отпор од голема група која им го блокирала патот со контејнери и не им дозволувале да поминат.
Во обид да се растера толпата полициските службеници упоребиле и огнено оружје со кое пукале во воздух за предупредување.
Во акцијата еден полицаец добил телесни повреди, но не е во животозагрозувачка состојба. Немало други повредени и приведени.

bit pazar2

фото Алсат М

Од МВР велат дека улицата сѐ уште е блокирана, но се работи на расчистување на остатоците од блокадите.
Граѓаните кои биле на блокадите пак се жалат дека улицата била блокирана затоа што полицајците привеле дете кое продавало петарди. Откако полицијата го пуштила детето, групата ги тргнала блокадите.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top