Секојдневно сите ние беспотребно се нервираме за ситници и на тој начин себеси си го нарушуваме квалитетот на животот, но и сопственото здравје.
Хроничниот стрес секојдневно предизвикува цела низа помалку или повеќе опасни болести, а за некои работи навистина не треба да се нервираме.
Истражувањата покажуваат дека хроничниот стрес води кон прерана смрт. Поголем дел од луѓето го знаат тоа, но, сепак, не можеме да престанеме да се нервираме за одредени работи.
За следниве работи не треба да се нервирате:
1. Што мислат другите за вас навистина не е важно.
2. Нереален и пренатрупан распоред само може да наштети.
3. Понеделникот доаѓа секоја недела, па зашто да се нервирате за тој ден.
4. Изгледот е минлив.
5. Прекинот на врската не е работа од која се умира.
6. Болестите се на секој чекор, но тоа не значи дека за нив треба постојано да размислувате.
7. Животот на другите луѓе не е ваша работа.
8. Трачевите им штетат само на оние што ги прераскажуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.