Без снабдување со електрична енергија утре од 9 до 13 часот ќе бидат корисниците од ул. 2 во село Бардовци, општина Карпош, од 9 до 15.30 часот корисниците од село Копаница, општина Сарај, а од 10 до 12 часот корисниците од ул. Тодор Чангов, подулици бр.21, 27, 29 и 59, во општина Аеродром.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од „ЕВН Македонија“ а.д., соопштува дека прекините ќе бидат заради изведување инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во наведените реони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.