Пет обезглавени трупа денеска беа пронајдени во западната мексиканска држава Мичоакан, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на регионалните власти.
Одговорноста за убиствата, во белешка оставена крај телата, ја презеде наркокартелот „Халиско Нова генерација“, од истоимената соседна мексиканска држава.
Три од труповите биле најдени крај мост. Главите им биле оставени до нив. Останатите два трупа биле најдени подоцна. Главите им биле фрлени на тротоар во близината.
Мексиканската држава Мичоакан, што се наоѓа на тихоокеанското крајбрежје, е од клучно значење за шверцот со наркотици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.