| четврток, 6 декември 2018 |

Од март повисоки пензии и социјална помош, во 2014 година зголемување и на платите

denari-

Од март ќе има зголемување на пензиите и на социјалната помош за пет проценти, а во декември и на платите за пет проценти, рече премиерот Никола Груевски во синоќешното интервју за националниот сервис – МТВ. Тој ги отфрли критиките на опозицијата дека Буџетот за 2014 година е неразвоен. Напротив, рече тој, со него е предвидено зголемување на расходите за капитални проекти, што ќе значи и нови инвестиции.

Премиерот тврди дека во 2014 година не е планирано зголемување на даноците, туку е намален данокот на добивка од 10 на 0 за нејзино реинвестирање, а во повеќе сектори ДДВ е намалено од 18 на 5 проценти.

Најави дека има најави од поголем број компании за инвестирање во Македонија, најмногу од секторот за автомобилска инсдустрија, во Кичево, во Струга и други места.

Премиерот рече дека е подготвена и финансиска конструкција за сите големи инфраструктурни прокети, како што се автопатските делници Скопје – Штип и Кичево-Охрис. Изградбата се очекува да почне во втората половина на февруари со финансиска конструкција договорена со партнери од НР Кина. Како голем инфраструктурен проект ја најави и гасификација, која, како што посочи, треба да почне со средства од долгот на поранешниот СССР кон Македонија, а остатокот најверојатно со средства од ЕБРД.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top