Премиерот Никола Груевски во интервју за МРТ уште еднаш ги предочи фактите кои јасно докажуваат дека Македонија е многу далеку од банкрот и дека не е презадолжена. пренесе порталот „Курир“.
-Кога ние дојдовме во Владата во 2006-та долгот на Македонија беше речиси 40 отсто од БДП. Во следните две години предвремено се раздолживме имавме добри економски години. Имаше критики во тоа време дека не е паметно предвремено да се раздолжуваме, но ние мислевме дека тоа ќе ја доведе земјата во една поинаква ситуација. Со тоа раздолжување стигнавме до 25 отсто државен долг. Тогаш никој од нас не знаеше дека следува европска и светска криза. Но, тој потег ни беше од голема помош за времето на криза. Кога земјите се бореа со долгови, кога бараа начини да излезат од тоа, ние имавме 25 отсто долг. Во време на кризи, инвестициите се намалуваат. Во едно такво време ни овозможи да финансираме одредени проекти кои на некој начин ја влечеа економијата во тоа тешко време. Вложивме во патишта, хидроцентрали. Ако тој потег не го повлечевме немаше да можеме во едно тешко време да повлечеме нови средства за да го придвижиме градежништвото, а со тоа уште 26 стопански гранки кои ја придвижуваат економијата, рече Груевски.
Тој потенцира дека во најтешката криза 2009-та Македонија имаше трет најмал пад на економијата. За него не е случајно што сме меѓу најмалку задолжените земји.
Премиерот заклучи дека Македонија не треба да е загрижена за долгот, а тоа што опозицијата сака да дебатира на таа тема, за него е нивни проблем бидејќи се докажува дека тоа не е точно.
Груевски истакна дека Македонија денес е земја на вредни и чесни граѓани и земја која има Влада која со сите сили дава максимум да се подобри квалитетот на живот, да се подобри стандардот на населението, земја во која многу нешта се променија на подобро.
-Во Македонија многу нешта се придвижија. Се разбира, неможат да се решат сите проблеми, никогаш не сме ветувале чуда, меѓутоа сме ветувале многу конкретни работи и сме останувале доследни. Во најголем дел го исполнивме ветеното. Сме исполниле и повеќе од ветените работи. Македонија е земја и со проблеми на граѓани, со предизвици. На нивно решавање работиме понатаму, рече Груевски.
Македонија го направи максимумот што може да се направи и тоа за многу кратко време. Груевски вели дека брзо по доаѓањето на власт, го направиле тоа што претходните власти не го направија, исполнување на условите и добивање на препорака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии