| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една сообраќајка кај „црната точка“ во Дебар Маало (ФОТО)

Два автомобили се судрија пред 15-тина минути на местото каде што се сечат улицата „Орце Николов“ и „Аминта Трети“ (поранешна „Ленинова“) во Скопје. Во несреќата во која нема повредени, учествуваа автомобил од марката „голф“ и „цитроен“ и двата со скопски регистерски таблички.

1

Oќевидецот кој ги испрати фотографиите во редакцијата на „Република“ вели дека ова место во Дебар Маало е „црна точка“.

20131228_124101

Тука, раскажуваат соседите, ретко поминува ден, а да нема сообраќајка. На малата раскрсница нема семафори, а учесниците во сообраќајот ретко го почитуваат знако „стоп“.

Во моментот полицијата врши увид на местото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top