| четврток, 6 декември 2018 |

Кина ги укина работните кампови

k2Пекинг го укина системот на работни кампови, како дел од напорите за заштита на човековите права. Одлуката предвидува укинување на работните кампови, кои досега беа дел од кинескиот систем за отслужување на казни. Системот на работни кампови е формиран во 1957 година. За вклучување на лица во камповите не беше потребна соодветна судска одлука, а рокот на задржување во камповите можеше да достигне до четири години. Според официјални податоци моментално во Кина има 351 ваков камп. Кон крајот на 2012 година во нив биле распоредени 50.000 лица.k1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top