| четврток, 6 декември 2018 |

Америка: Тајкун го подарил богатството во добротворни цели, па извршил самоубиство

Роберт Вилсон (87), американски богаташ кој парите заработени на инвестициски фондови во изминатите години им ги подарил на добротворни организации, денес го слават како „легенда“ и како човек чија страст било „да се осигури дека проблемите во светот се решаваат“, јавува Индепендент.

„Роберт Вилсон беше легенда на Вол стрит, кој стаан славен филантроп“, кажал за него Фред Круп, претседател на еколошката фондација Инвајерментал дифенс фанд. Вилсон на оваа фондација ѝ донирал 100 милиони долари, повикувајќи и други да донираат повеќе.

„Страста на Боб беше да се осигури дека проблемите во светот ќе се решаваат. Многу начитан и обдарен со остар интелект, тој можеше да ја предвиди насоката во која се движи светот и талентот добро да го насочи преку своите инвестиции, а подоцна и своите донации“, изјавил Круп.

Вилсон своето богатство го стекнал и го консолидирал пред интензивно да се посвети на филантропската работа, со намера додека е уште жив да го подели своето богатство.

Тој на почетокот бил скептичен околу научните докази за климатските промени, но набрзо дошол до заклучок дека тоа е главниот предизвик со кој се соочува човештвото. Тој сакал да помогне загадувањето на атмосферата со јаглерод диоксид да се намали на разумен и ефикасен начин, знаејќи притоа дека решението кое ќе биде еколошки одржливо мора да биде и економски одржливо.покрај веќе спомнатиот еколошки фонд, Вилсон своите пари им ги оставил и на Фондот на светското наследство, Фондот за зачувување на природната средина и Здружението за зачувување на живиот свет во природата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top