Проектот е подржан од Глобалниот еколошки фонд – Програма на Организацијата на обединетите нации за заштита на животната средина.
– Пресата е во вредност од 5.500 долари. Се состои од три дела: дупчалка, лента за пренос на ПЕТ амбалажата од дупчалката до пресата и преса. Jа добивме денес и попладнево му е предадена на Јавното комунално претпријатие „Стандард“ на користење – вели Гоце Љубиновски од дебарскиот Центар за одржлив развој на заедницата.
Главна цел на проектот е намалување на загадувањето од неправилно управување со пластични боци во Дебар и во Дебарско Езеро преку организирано собирање и рециклирање, како и остварување локален економски развој и еколошки придобивки.
Се предвидува да се соберат околу 180.000 пластични шишиња во 10 специјални контејнери и тоа што е најбитно во сето ова е заштита на земјата, водата и на ваздухот од загадувањето.
– Со ЈКП „Стандрад“ и со сопствениците на угостителските објекти, ресторани и кафулиња, потпишан е меморандум во кој меѓу другото е наведено дека обврска на сопствениците е во големи вреќи да ја складирааат ПЕТ амбалажата, а обврска на Центарот за ОРЗ е да ја однесе истата до „Стандард“, а тие да ја рециклираат истата со помош на ова линија, изјави Љубиновски.
Според него за третирање на пластичниот отпад веќе се едуцирани 1.000 ученици и 30 работници од угостителски објекти. Извор МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


