Српскиот пејач синоќа настапуваше во белградскиот клуб „Казино“. Пред полноќ Саша Ковачевиќ ги повика на бината финалистите на „Икс-фактор“, Алекса Перовиќ и Лукијан Ивановиќ од групата на Емина Јаховиќ, како и нашиот Даниел Кајмакоски, кои во моментот се забавуваа во истиот клуб.
– Драго ми е кога можам да ги поддржам младите колеги бидејќи знам како ми беше мене на почетокот на кариерата – изјави Саша за српски „Пулс“.
Кандидатите биле пречекани со многу аплаузи и еуфорија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.