Компанијата „Џонсон контролс“ е прва во земјава и во регионот на ЦЕФТА, која доби уверение за овластен економски оператор.Тоа значи дека ги задоволува законските критериуми и се смета за безбеден и сигурен партнер на Царината во трговскиот синџир на снабдување. „Контролс“ ќе има поедноставен пристап кон царинските олеснувања и помалку контроли во однос на другите фирми. Царината го доби и престижниот сертификатот за квалитет ИСО 9001,што се смета за особен успех затоа што е една од најкомплексните домашни институции со 1.140 вработени и повеќе од 2.000 најразлични процедури . Досега околу 70 проценти од институциите го имаат воведено овој стандард.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.