| четврток, 6 декември 2018 |

Кање Вест обвинет за кражба

Популарниот рапер Кање Вест е обвинет дека ги украл семпловите што ги користел во неговиот нов хит „Bound 2“, каде што симулира секс на мотор со неговата свршеница Ким Кардашијан.

Според тврдењата на рочиштето што се одржа во понеделникот, песната во оригинал ја пеел Рики Спајсер, кој бил член на групата „Твинс плус оне“. Рики тогаш имал 12 години и бил главен вокал во споменатиот бенд, а песната е снимена во 1970 година.

Спајсер тврди дека бил вчудовиден кога го чул својот глас во песната на Кање. Тој побарал од судот да му забрани на Кање да ја изведува оваа песна, како и да му исплати одредена сума пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top