За време на посетата на САД, Вељаноски во Вашингтон имаше повеќе средби со конгресмени, сенатори и претседатели на фондации и меѓународни организации.
На средбата со конгресменот Дејвид Прајс, претседател на Комисијата за поддршка на демократијата, Вељаноски пренесе за финализирањето на проектот – Парламентраниот институт во Собранието кој треба да обезбеди професионална анализа и асистенција при подготовката на законите кои ќе бидат предлагани од пратениците.
Конгресменот Прајс на крајот од средбата рече „Многу сум среќен што можев да се видам со претседателот и да му посакам добредојде во нашата земја. Имаме партнерство кое трае веќе седум години со Собранието на Република Македонија. Како клучна демократија во балканскиот регион, како демократска земја за која знаеме дека може да биде и ќе биде пример за другите земји во регионот. Сметаме дека ова е интензивна и продуктивна соработка и навистина ни е драго да ја обновиме со средби од овој вид.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


