| четврток, 6 декември 2018 |

Кристина има 23 години и има повеќе од 300 килограми

kristina

Кристина со својот сопруг

Американката Кристина од Мисисипи има повеќе од 300 килограми. Вели дека животот ѝ е пекол од кој не гледа излез. Оваа 23-годишна Америкнка не може да отиде во тоалет без помош од сопругот или мајката. Тие ѝ помагаат и во облекувањето.

Осудена е да се движи во инвалидска количка и да гледа телевизија. Во седмо одделение имала преку 135 килограми, на 22 имала речиси 310.

kristina1

Дури пред две години, по обидот за самоубиство, сфатила дека мора нешто да смени во животот и се пријавила во реалното шоу на телевизијата „Ти-Ел-Си“, која им помага на луѓето со прекумерна тежина. Има желба да се запише на колеџ и да има нормален брак.

Освен неа, во шоуто учестуваат уште неколку личности, меѓу кои и 43-годишната Залјин од Сан Антонио, која има преку 270 килограми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top