| четврток, 6 декември 2018 |

Бонева: Со недемократски средства се обидовте да ја преземете власта

Треба едноминутно молчење за срамот којшто ѝ беше нанесен на македонската  парламентарна демократија, срамот којшто го направивте вие почитувани колеги,  малтретирајќи ги колегите од парламентарното мнозинство, изјави координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, по повод денешниот протест на опозицијата пред Собранието.

– Жалиме сите ние за 24 декември. Не требаше да го послушате сценариото коешто го направи господинот Црвенковски бидејќи тоа му беше единствен начин да дојде на власт, да направи тензија во Собранието на Република Македонија, да ги  вовлече и колегите претставници на албанскиот народ овде во Република Македонија
за да направите поголема тензија во Република Македонија бидејќи тоа беше  единствениот начин Бранко Црвенковски да дојде на власт, бевте марионети во Собранието на Република Македонија и го игравте театарот којшто беше нацртан во Бихачка – вели Бонева.

Таа истакна дека со недемократски средства, со корнење микрофони и плукање на колегите, опозициските пратеници се обиделе насилно да ја урнат македонската  парламентарна демократија и додаде дека се надева дека поуката ќе биде извлечена и дека никогаш во македонската парламентарна демократија нема да се случи колеги пратеници едни на други да насврнуваат, уште повеќе да се направи физички напад врз претседател на Собранието на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top