Вечерва е најинтересната и најочекуваната епизода на музичкото шоу „Икс фактор“ досега. Барем за Македонците. Во вториот дел од фазата „домовите на судиите“ ќе ги видиме новите настапи на сите македонски кандидати.
Даниел Кајмакоски ќе настапува пред неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ. Иван и Кико Раденови, пак, и Фифи во дует со Маринела Џогани, ќе настапуваат пред нивниот тренер Кристина Ковач.

Групата на Кристина во која се и браќата Раденови и Фифи
Како свои советници и мала помош во донесување на тешката одлука – кои три кандидати да ги испратат дома, а кои пак да ги задржат покрај себе во финалето, членовите на жирито ги повикаа нивните пријатели и соработници.
За помош со неговата група „постари од 27 години“, Жељко го донесе хрватскиот пејач и композитор Тони Цетински. Кристина Ковач, пак, ќе ги слуша советите на една од најдобрите композиторки и текстописци од Србија, Леонтина Вукомановиќ, која не ретко соработува и со Жељко.

Кристина Ковач и Леонтина Вукомановиќ
Во случај некој од нашите кандидати да не помине, останува можноста публиката да изгласа по еден од двете групи да се врати во понатамошното натпреварување – полуфиналето и настапите во живо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По триста перипетии Стојанчо од Гевгелија им покажа на Бугарите како пее славеј (ВИДЕО)
-
Скандал во финалето на „Икс-фактор“: Пијаната Никол плачела без престан
-
Ги воодушеви со пеењето, а кога го соблече фустанот, членовите на жирито занемеа (Видео)
-
Уште една суперфиналистка на „Икс – фактор“ издаде соло песна (ВИДЕО)


