Тренерот на КК Партизан Душко Вујошевиќ е казнет со 5000 евра од страна на УЛЕБ. Во случај да го повтори инцидентот од мечот со Фенербахче во Белград ќе биде суспендиран најмалку еден месец.
Евролигата подигна дисиплинска постапка против тренерот на Партизан поради коментарите по натпреверот со Фенребахче кои ги упати против организацијата и судиите од тој натпревер.
Партизан загуби на таа средба со 88-78 иако водеше на полувремето со осум разлика. Вујошевиќ беше исклучен на тој натпревар, а по мечот остро ги нападна судиите.
– Ова судење беше голема срамота. Тоа не е случајно, така е договорено. Ние немаме таков капацитет да играме и против тимот и против судиите. Имам големо искуство да не зборувам така за судиите во текот на натпреверот се додека не дојде до ваков инцидент – изјави Вујошевиќ веднаш по натпреварот.
Тренерот на „црно-белите“ сега е казнет само парично, но во случај да го повтори престапот ќе следи едномесечна суспензија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Животната приказна на нашиот центар: Антиќ во центарот на вниманието на Евролигата (видео)
-
Индицент во Белград, погоден фудбалер на Олимпијакос! (Видео)
-
Обезбедувањето на директорот спречило инцидент: „Делии“ за малку не ја линчувале управата на Партизан
-
Двојна круна за Партизан, Црвена звезда на колена и во финалето на Купот на Србија (видео)



