| четврток, 6 декември 2018 |

Дел од Карпош и Сарај денес без струја

struja

Поради закажани технички зафати во електро-системот, без снабдување со електрична енергија денеска ќе останат дел од потрошувачите во општините Карпош и Сарај.

Во време од 10.00 – 13.00 часот без елетрично напојување ќе бидат дел од ул. Волгоградска и дел од бул. Партизански Одреди – кулите спроти Сити Мол (о. Карпош). Во време од 09.00 – 15.30 часот ул. Франце Прешерн бар. 78 и околните броеви (о. Карпош) и во време од 09.00 – 15.30 часот дел од с. Копаница (о. Сарај).

Прекините се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во наведените реони, се наведува во соопштението од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето од ЕВН Македонија АД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top