| четврток, 6 декември 2018 |

Студии по филмско сценарио во Охрид од наредната година

спиро ристовски

Oд наредната академска година во Охрид ќе почнат  постипломски студии по филмско сценарио, според програмата на престижната Академија за филмска и телевизиска уметност ФАМУ во Прага кои ќе бидат дел од Универзитетот „ Гоце Делчев “.
Најпрво ќе има само магистерски студии по сценарио, а потоа ќе се воведат за режија и за фотографија, како и додипломски студии.  Програмите ќе бидат достапни не само за македонски студенти туку и за студентите од регионот и пошироко.
МОН и ФАМУ соработуваат три години во кои 11 македонски студенти добија стипендии за студирање на познатата филмска академија – четворица за додипломски и седум за втор циклус студии, од кои тројца и ги завршија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top