Нашата позната пејачка и ќерка на легендарниот Гоце Арнаудов, Кристина Арнаудова, денес прославува годишнина од нејзиниот брак. 34-годишната рокерка со сопругот Александар Петровски, кој е помошник-тренер во ракометниот клуб Металург, го имаат синчето Максим.
Кристина на „Фејсбук“ сподели неколку фотографии од нивната свадба, која пред точно седум години се одржа во хотелот „Холидеј ин“. Покрај групата „Арија“, гостите ги развесели и Сузана Спасовска.
Сепак, највпечатлив беше статусот со кој Арнаудова го означи овој датум.
– Пред седум години на денешен ден рековме „да“. Љубовта е ретка, скапа, единствена. Чувајте ја, препознајте ја, борете се за неа. Ништо не е совршено и секогаш ќе има подеми и падови, како и за сѐ во животот. Единствено е важно, најважно од сè, да бидете со оној кој прави да се смеете, да го сакате животот. Да бидете најдобра верзија на себеси, кога сте заедно. Тоа е најважното. Сè друго се купува со пари, и поминува… 23 декември… Љубовта е сѐ. Кога ја имаш, можеш сè. Затоа сум јас среќна. Само заради тоа, знам дека можам сѐ. Бидејќи имам љубов. До мене, во мене, околу мене. Александар Петровски, те сакам како пред десет години. Повеќе – напиша Арнаудова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.