Кумановски лихвар заврши во полициска станица откако негов клиент не можел да му ги врати парите и го пријавил во полиција.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Р.(31) од Куманово за сторено кривично дело „лихварство“. Во текот на мај 2012 година, пријавениот искористувајќи ја тешката имотна состојба на 29 годишно лице од Куманово му дал пари на заем во износ од 200 евра со несразмерна месечна камата од 10%, по што во септември 2013 година каматата изнесувала 400 евра, а оштетениот требало да му го врати и основниот долг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.