| четврток, 6 декември 2018 |

Милановиќ: Македонија е заложник на прашањето на името

zoran_milanovic_main_epa_0

Нелогично е Македонија, Србија и Црна Гора да бидат изоставени од ЕУ, смета хрватскиот премиер Зоран Милановиќ. Тој вели дека Македонија предолго е изложена на притисок за името, што во иднина може да има далекосежни последици.

– Што се однесува до европската перспектива на Македонија, ние не можеме никого да го натераме да донесе одлука затоа што одлуките се носат со консензус. Сметаме дека Македонија е изложена на пресилен притисок и дека на ваков начин не ѝ помагаме на Македонија, а ниту, пак, на регионот. Регионот се дестабилизира, а Македонија е тука и ќе остане прашањето за нејзиното име – вели Милановиќ.

Тој смета дека целиот тој проблем со името трае предолго:

-Мислам дека Македонија по малку е заложник на ова прашање.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top