Во Италија биле издадени девет меѓународни налози за апсење поради кражба на луксузни јахти во вредност од 20 милиони евра. Во истрагата наречена „Олимпија“, која предводена од Интерпол, се опфатени Црна Гора, Италија, Хрватска, Грција, Турција, Египет, Сирија и Либан. Добро организирана меѓународна група краделе јахти во туристичките места и ги продавале во странство, со што оствариле промет од 20 милиони евра.
При спроведувањето на акцијата биле пронајдени четири јахти, а едно лице загинало.
„Организацијата била составена од 50 италијански државјани,како и лица од Источна Европа и Средниот Исток и делувала со добра логистика и економски капацитети“, пишуваат италијанските весници.
Меѓу уапсените се пет Италијанци, а се бараат и државјани од Мароко, Молдавија и Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија


