| четврток, 6 декември 2018 |

Почнаа вработувањата во Дрекслермаер

deaxlmaierОколу 200 лица во средината на јануари ќе започнат да работат во Дрекслермаер. Со денешното тестирање на првите 45 апликанти започна процесот на првото групно вработување. Во Агенцијата за вработување во Велес на повикот за вработување апликации доставиле 750 лица.

-Денешниов ден е неработен, но тој треба да биде првиот работен за оние невработени кои аплицирале за вработување во Дрекслермаер. Велес за прв пат ќе почне да вработува луѓе во поголема група и тоа на граѓани кои имаат проблеми со егзистенцијата- вели Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување.

Работодавачот не побарал исполнување на посебни услови за вработување. Жените се во предност, посебно оние кои работеле во конфекциската индустрија. За невработените тестовите биле лесни, со условите за работа и самата работа се запознале од презентацијата, сега очекуваат само позитивен одговор, дека го добиле работното место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top