Кредитниот рејтинг на Европската унија од највисокиот степен ААА е намален на АА+, соопшти агенцијата „Стандард и Пурс“.
Според агенцијата, финансиските аранжмани на Унијата се влошени и се намалени кохезијата меѓу членките. Сепак, како што се додава, финансиските изгледи на Унијата остануваат стабилни.
„Стандард и Пурс“ денеска го потврдија највисокиот рејтинг „три А“ за Британија, оценувајќи дека владата е посветена на намалување на буџетскиот дефицит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.