| четврток, 6 декември 2018 |

По потпишувањето на новиот договор, Суарез продолжува со добрите игри (видео)

luis-suarez

Во првиот натпревар од 17 коло од англиската „премиер лига“ екипата на Ливерпул убедливо го совлада тимот на Кардиф со 3-1. Луис Суарез продолжува со добрите игри по потпишувањето на новиот договор со кој ќе биде еден од најскапите играчи во Англија заработувајќи 200.000 фунти неделно.
Победникот беше решен уште во првиот дел кога Ливерпул поведе со 3-0 со двата гола на Суарез и еден на Стерлинг по асистенција повторно на Суарез. Во вториот дел Ливерпул не искористи уште неколку стопроцентни шанси за гол. Поразот го ублажи Мач во 58 минута.
Со оваа победа Ливеруп се искачи на врвот на табелата се до понеделник кога лидерот до ова коло Арсенал го игра дербито на ова коло против Челси.
Во следните две кола Ливерпул го чека вистински тест за одличната форма. Треба да игра на гостински терен со Манчестер Сити и Челси кои се аспиранти за освојување на титулата.


Liverpool 3-1 Cardiff City All Goals by all-goals

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top