| четврток, 6 декември 2018 |

Девојче тешко повредено во сообраќајка во тетовско

stop-policija-652

Две лица се потешко повредени во две сообраќајни несреќи кои во изминато деноноќие се случиле во полошко.
– Осум годишно девојче од тетовско Горно Палчиште било потешко повредено откако денеска околу 11 часот и 20 минути било удрено до автомобил „Опел Астра“ со тетовски регистерски таблички управуван од Т.М. (42) од Мала Речица, вели Јосифовски за МИА.

Сообраќајката се случила на патот Тетово-Пирок, близу селото Калник. Девојчето заработило скршеница на зглобот од левата нога и веднаш било пренесено во тетовската болница. Сѐ уште не се знае дали девојчето ќе биде задржано на лекување. Полицијата извршила увид на местото на настанот.

Другата сообраќајка се случила ноќеска околу 23:30 часот во Гостивар, кога 23 годишниот гостиварчанец М.Б. загубил контрола врз својот автомобил „Опел омега“.

– Неговиот автомобил удрил во бетонскиот рабик, оштетувајќи и друго паркирано возило. Гостиварецот со скршеници на носот и забите веднаш бил префрлен во гостиварската болница од каде под сомнение дека има добиено и потрес на мозокот веднаш е препратен на скопските клиники, вели Јосифовски.

Полицијата извршила увид и утврдила дека причина за несреќата е несоодветна брзина. Штетата е проценета на 100.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top