| четврток, 6 декември 2018 |

Италија воведе туристичка такса на вулканите

vulkanmayonfilipini-screenshotyoutube

Италијанскиот Сенат го прифати предлот за воведување на „туристичка такса на вулканите“, објави денеска италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.
Одлуката предвидува туристите кои ќе ги посетуваат местата во Италија во чија близина има вулкани, да плаќаат дополнителна такса за престој во висина од пет евра.

Предлагач на ваквата такса е сенаторот од Сицилија, Антонио д’Али, кој е дел од групата што неодамна се одвои од партијата на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

Во Италија веќе постои слична такса за туристичка посета на малите острови која изнесува 2,5 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top