| четврток, 6 декември 2018 |

ЈСП ќе пушти повеќе автобуси за граѓаните да ги остават автомобилите

avtobus[19]

Ќе се зголеми фреквентноста на сите линии на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, со цел да се поттикнат граѓаните да ги остават своите автомобили и да се возат со автобус, порача Град Скопје.

Во повторениот повик кон сите да придонесат за намалување на загадувањето, Град Скопје препорачува товарните возила кои вршат достава на роба, тоа да го прават од 19 до 7 часот.

Градската администрација препорачува и „граѓаните на Скопје да ги остават своите возила и да го користат јавниот превоз, со што според експертите драстично би се намалила концентрацијата на (РМ10) честичките во воздухот“, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top