| четврток, 6 декември 2018 |

Нов ски центар во Берово

Општина Берово ја подготвува целосната документација за изградба на ски центар, објави „Ирис“.  Владата и МЕПСО се финансиерите на ски центарот, кој треба да ја збогати туристичката понуда на оваа општина. Склучен е меморандум меѓу МЕПСО и Општина Берово, со кој се утврдуваат надлежностите околу подготовките за изградбата на ски центарот.

Избрани се пет локации, а владината комисија веќе била на терен, но микроклиматските услови треба да одлучат каде е најпогодно да се гради.

Советот на Општина Берово и градоначалникот, едногласно ги носат одлуките и сите потребни документации за ски центарот во Берово и во наредните шест месеци општината треба да ја заврши комплетната постапка, а засега не се знае колку ќе чини проектот.

Ски центар сака да прави и Македонска Каменица, која со средства од ИПА фондовите ќе прави студијата за дали на Осоговските планини во делот на Македонска Каменица ќе може да се изгради еден зимски туристички центар. Во меѓувреме во Пониква веќе е инвестирано во нова опрема и се работи на планот да биде репрезентативен зимски туристички центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top