Паричникот полн со девизи патувал цели 17 години од Италија до Хрватска, но на некој начин тој, сепак, стасал до сопственикот недопрен.
– Го заборавив паричникот во телефонска говорница на железничката станица. Можеби немаше ни минута кога се сетив дека го заборавив, не поминав ниту стотина метри, но додека се вратив, веќе го немаше – раскажува за „Нови лист“ сопственикот на паричникот.
Тој објаснува дека со паричникот загубил вистинско мало богатство, кое во текот на овие години прилично ја загубило вредноста, а поголемиот дел од валутите веќе се повлечени.
– Сè што имав ми е вратено. Мојата возачка и на сопругата. Мојата лична карта и на сопругата, фотографијата од синот, која само што ја ставив во паричникот. На сликата има седум или осум години, а денес има 25 години. И парите се тука. 140 куни, 150 марки, 841.000 лири и еден долар. Марките успеав да ги сменам, но лирите никој не сака да ги замени, па се чудам што да правам со нив – вели Олиќ.
Исчезнувањето на паричникот Олиќ веднаш го пријавил во италијанската полиција, но таму му рекле дека ништо не нашле. Два месеца подоцна, повторно заминал во Трст да ги бара парите, но безуспешно. Сопственикот конечно успеал да си го добие назад паричникот по 17 години, но сè уште го мачи прашањето каде бил цело време и како по толку години стигна до него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.