Таа е свесна за нејзиниот сексапил
Кога жената е сексуално задоволна од својот партнер, тоа не може да го сокрие. Нејзинината самодоверба ќе биде јасно видлива. Кога не е задоволна, и тоа ќе биде очигледно. Таа нема да се смета за секси и недостигот на самодоверба ќе биде видлив во секое поле од животот.
Копнее за повеќе секс
Едноставно е, ако сексот е добар, таа ќе сака повеќе. Истото е и со мажите. Ако сексот не е добар, тоа сигурно ќе ви го покаже со се почестите „главоболки“.
Отворено бара повеќе
Како резултат на првите две точки – самодовербата и копнежот за повеќе – жената сама знае да започне иницијатива и тоа не ретко. Што е поголем знак дека одлично ја завршувате вашата „обврска“?
Ужива во сексот, а не само во оргазмот
Оргазмот е поентата во сексот за мажите. Иако жените уживаат во оргазмот исто колку и мажите, од сексот очекуваат поголема емотивна врска за разлика од повеќето мажи. Со други зборови, оргазмот не е единствениот начин кој може да ги задоволи .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


