| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов зајачиците на „Плејбој“ во Куманово

Македонски Плејбој зајчици ќе им прават друштво на гостите на ноќниот клуб „Лолипоп” во Куманово овој петок на „Плејбој парти”, која почнува на поноќ.

Десет атрактивни манекенки ќе ја вжештат атмосферата во клубот, а гостите ќе ги пречекуваат четири згодни хостеси. Музика ќе пушта диџеј Цобе, а влезот чини 100 денари.

Во сабота, “Плејбој парти 2” ќе биде реприза за оние кои не успеале да уживаат во друштво на плејбој зајчиците во петок. Диџеј Бугимен ќе пушта РНБ и хип-хоп музика.

Викендот завршува со караоке забава со Саше Морж во недела на 22.12. Ќе се пеат најголемите македонаски и екс југословенски хитови. Традиционално во недела, влезот е бесплатен, а сите девојки ќе добијат гратис коктели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top